На денешен ден кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од селото Ливоишта

Охрид

Денеска се навршуваат 21 година од загинувањето на војникот Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта.

Ден денес за смртта на Благојче, професионален војник во АРМ и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче.

Според колегата, пред завршувањето на смената заминал да се бања, а во тоа време Благојче го поправал неговиот часовник на балконот бидејќи знаел да поправа некој проблеми на часовниците за кои се интересирал уште од детството. Кога колегата излегол од бањата се слушнале неколку кратки рафали од автоматско оружје, тогаш Благојче ја зел пушката, и тоа без снајпер, и трчал кон местото, а колегата бил едно 200м зад него. Колегата неколкупати свикал кон Благојче да се врати бидејќи можно е да биде стапица. Благојче одби и рекол:

Нема што да чекаме, должни сме да ја браниме нашата татковина!

Крстаноски застанал на една карпа во лежачка положба и го барал напаѓачот. Напаѓачот бил под карпата и го пукал со скорпион со придушувач во градите. Дури и кога неговиот колега пристигнал со трчање не го видел сторителот воопшто. После неколку дена односно кога му направија обдукција на телото на Благојче, неговиот колега рашетувајќи го теренот околу карпата наоѓал чаури под карпата, идентични на тие што кога се пукало во Благојче. Тогаш бараа отпечатоци, но никако не можат да најдат, што претпоставката повеќе води кон тоа дека ова дело е сторено професионално. Ден денес колегата му го чува часовникот облеан со крв и се колни дека никогаш нема да ја избриши кртвтата. Сторителот на ова дело никогаш не е фатен.

При одбележувањето на годишнината од неговиот прерано згаснат живот, кумот на Благојче кој истовремено му бил мајор, изјавил дека тој, денови пред да се случи убиството бил дојден на боледување. Беше болен и се лечеше во касарната. Кога Благојче се поздравил со кумот му рече: „Господине мајоре, куме јас утре заминувам на караула“. Мајорот му наредил да остане, за да не биде терет на старешините и на другарите. Благојче го одбил со зборовите: „Јас не можам да ги оставам другарите“, при што заминал.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Во 2017 во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски.

Вечна му слава!!!

———————————————————————

извор: википедија

Please follow and like us:
Tagged