Приведен охриѓанец – во домот му пронашле 11 пакувања со кокаин

Охрид

На 09.04.2021 во периодот од 12.55 до 13.55 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, извршен е претрес во дом и други простории кои ги користи М.А.(30) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– При претресот се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин. М.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged