Момироски: Додека стотици луѓе се борат за воздух, Заев и Филипче пијат убаво вино покрај Радика

Македонија

Откако вчера во јавноста се појави шпекулацијата дека Зоран Заев е на мото турнеја и е во хотел во Јанче, новинарот Горан Момироски лично отишол да се увери дали навистина оваа информација е точна. Тој вели дека информацијата е точна и дека Заев навистина е во прекрасен хотел во Јанче.

Неговиот статус објавен на Фејсбук ви го пренесуваме интегрално во продолжение:

“Не можев да поверувам и отидов лично да се уверам. По 22 часот со уредна дозвола за движење во полициски час лично се уверив дека премиерот Заев ноќва е во прекрасен хотел во Јанче.
Не ги објавувам снимките затоа што се од неговата соба во хотелот и затоа што имам достоинство.
А како може да вози мотори и да оди по хотели додека народот му умира и се мачи да добие за легло во ковид центрите тоа нека си го одговори пред Бога ако утре појде во Св. Јован Бигорски да запали свеќа за здравје.
Посебна приказна е колку е лежерен да седи без завеси во собата додека низ светов шетаат 215 криминалци што неговата влада наводно ги пријавила во Интерпол а ДЕА му апси шефови на полиција и возачи на негови најблиски роднини и бизнис партнери.
Жалам ако им го расипав прекрасниот викенд на премиерот и неговиот министер за здравство кои вечерва додека стотици луѓе се борат за воздух пијат убаво вино покрај Радика.
Не е само Радика таа што нема да им заборави…”

Please follow and like us:
Tagged