(ВИДЕО) Човек брутално претепан од полицајци: Го прекршил полицискиот час во Мостар

Свет

Јавноста во БиХ е шокирана откако порталот „Поглед.ба“ објави видео снимка, за која тврдат дека е снимена во Мостар, а на која се гледа како двајца полицајци тепаат човек пред влезот на зграда.

Од порталот пишуваат дека видеото е направено околу 23 часот во саботата, а човекот го прекршил полицискиот час, што е воведен како мерка против пандемијата на корона вирусот.

По тепањето, човекот бил однесен во Полициското одделение Мостар, каде што му била изречена казна за кршење на мерката полициски час, по што го пуштиле да оди сам дома на полноќ.

Откако по пристигнувањето дома му се слошило, човекот сам се пријавил во болницата во Мостар каде што му биле утврдени повредите.

Двајцата полицајци веднаш се суспендирани, а покрената е и внатрешна истрага со која ќе се утврдуваат сите аспекти од случувањето по што ќе се одреди дали постојат елементи за казнена одговорност на полициските службеници.

Извор: Република

Please follow and like us: