(ФОТО) Донев: Во услови на тешка криза, Георгиески потпиша договор во висина од 8.000.000(осум милиони денари) денари за привремени вработувања – Секоја чест!

Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, реагира на трошењето народни пари за привремени вработувања на, како што вели, партиски војници.

“8.000.000 ( осум милиони денари ) за ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА!!!
Во услови кога критиките на невладиниот сектор, ревизорите и јавноста се насочени кон нетранспарентните трошења и заобиколувањето на законите преку авторските агенции, без политичка одговорност и осет за тежината на функцијата градоначалник во услови на тешка криза кога пола чаршија е затворена, луѓе се бркаат од работа и пред пропаѓање е уште една туристичка сезона…
,,таткото на градот” потпиша договор во висина од 8.000.000(осум милиони денари) денари за привремени вработувања и со тоа стана татко само на своите послушни партиски војници.
Со оваа тура на нетранспарентни вработувања, Општина Охрид официјално е општина со најмногу вработени и втора по задолженост во државата.
Секоја чест!”, напиша Донев на фејсбук, притоа споделувајќи фотографии од договорот.

Статусот на Донев погледнете го ТУКА

Please follow and like us:
Tagged