Уште еден охриѓанец жртва на измама: Затвореници го довеле во заблуда и ги обезбедиле неговите лични податоци и документи по што подигнале брзи кредити

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено поправната установа Затвор-Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи. Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged