Богдановиќ: Не седев во кафани, сместував гости во хотел дојдени од Белград и новиот кошаркар на Работнички

Општо

Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар, демантира дека вчера во време на полициски час бил во ресторан во Дебар маало во време кога угостителските објекти се затворени поради пандемијата со ковид-19. Тој тврди дека не прекршил закон, туку дека вчера сместувал гости од Белград и кошаркар на Работнички, кој е ново засилување за клубот.

-Целосно ги отфрлам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа ќе покренам граѓански спор, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged