СВР Охрид со нови детали за убиството во Струга

Регион

На 20.04.2021 во 19.15 часот во СВР Охрид, Е.Т.(49) од Струга пријави дека околу 19 часот, додека С.Р.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Битола, со привремено живеалиште во Струга, биле во неговиот стан, каде биле присутни уште неколку лица, по претходна расправија, Ј.Р. со нож ја нападнал неговата сопруга С.Р. и ѝ нанел повреди, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-Според пријавеното, тој се обидел да побегне, но бил спречен, по што со ножот сам се повредил. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај С.Р., а Ј.Р. бил префрлен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош, истакна Димоски.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Струга.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција.

Please follow and like us:
Tagged