Може свеќичка да запалиме и пред нашите згради на отворено за Велигден, рече Заев

Македонија

Да се слави на отворено. Може свеќичка да запалиме и пред нашите згради на отворено за Велигден. Исто така може да се празнува и со почитување на мерките со цел заштита на здравјето и животите на нас и нашите блиски. Треба да внимаваме, апелираше премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на Економско-социјалниот совет.

Заев, како што рече, ќе слави во Струмица во кругот на семејството.

Ќе направам прошетка на ридовите околу Струмица, во паркот и главно ќе бидам дома во дворот со моите. Учесник сум и на крводарителска акција која ќе се одржи за време на празниците, каде ќе ја видиме реконструирана трансфузиологија во Струмица и ќе поминам во кругот на семејството, рече Заев.

Please follow and like us:
Tagged