Засилени полициски контроли во Охрид за празниците, ангажирана и мото патролата

Охрид

Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, безбедносните мерки на СВР Охрид се насочени кон зачувување на јавниот ред и мир, спречување на имотните деликти и зголемена сообраќајна безбедност на целото подрачје.

Посебен акцент, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ставен на целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на јавното здравје и на граѓаните од вирусот Ковид 19.

Во услови кога во Охрид и Струга, очекуваме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно апелираме за совесно и дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење и другата коризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во тек на управување со моторно возило, а посебно, неуправување моторно возило под дејство на алкохол или наркотични средства. Неопходно е користење на пешачките и велосипедски патеки и внимателност за личната но и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, истакна Димоски.

Контролите во сообраќајот ги спроведува полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Охрид кои, денеска ја ангажираа полициската мото патрола.

Инаку, безбедносните мерки и контроли, СВР Охрид ќе ги спроведува самостојно, но и во координација со инспекциските служби, јавните претпријатија и другите институции.

Со цел доследно почитување на безбедносните протоколи, СВР Охрид спроведува интензивни контакти со претставници на дебарско-кичевската епархија, хотелиерите, приватните станоиздавачи, угостителите и бродарите со укажување на потребата од строго спроведување на сите предвидени мерка за заштита од Ковид 19 и нивно запознавање со казнените одредби за непридржување кон мерките, вели Димоски и упатува апел до нив како и до сите граѓани, да ги почитуваат одредбите за полицискиот час како и другите предвидени мерки и да придонесат за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.

Please follow and like us:
Tagged