85 казни напиша полицијата во Охрид за неносење заштитни маски

Охрид

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 111 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-85, Струга-03,Кичево-15, Дебар-08).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 25 контроли по угостителски и други објекти.

Please follow and like us:
Tagged