Вечерва нема полициски час

Охрид

Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за вечерва и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час нема да важи од 1 кон 2 мај и на 12 кон 13 мај.

Верските лидери имаат обврска сè што може да се организира надвор, додека на граѓаните останува одговорноста да нема прекршување на мерките.

Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против Ковид-19.

Please follow and like us:
Tagged