Познат идентитетот на жената, чие безживотно тело беше пронајдено утрово во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид

Охрид

СВР Охрид излезе со официјално соопштение во врска со настанот од утрово, кога безживотно тело на женско лице беше пронајдено утрово во викенд куќа на стариот пат Охрид – Струга.

– На 03.05.2021 во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Неофицијално станува збор за убиство, а и истрагата се води во таа насока.

Please follow and like us:
Tagged