20 години од смртта на Васка Илиева

Македонија

На денешен ден пред 19 години во Скопје на 77-годишна возраст почина Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни.

Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, таа многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

Меѓу многубројните антологиски хитови и денес препознатливи се „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Излегол Невен Пејо“, „Сестра моли брата за вечера“, „Судбо моја судбино“, „Сношти појдов мила мамо“, „Кој што ме чуе да пеам“, „И ние сме деца на мајката земја“, „Четворица комити“, „Кога падна на Пирина“, „Излегол Јане Сандански“, „Таму далеку на Балканот“, „Заплакало е Мариово“, „Не плачи мајко, не жалај“, „Кога се мажеше што ти се чинеше“, „Врати се мило либе“, „Земјо Македонска“…

Родена е во Скопје, на 21 декември 1923 година.

ВЕЧНА И’ СЛАВА!

Please follow and like us:
Tagged