Полицијата во Охрид вчера изрече 14 казни за пречекорување на дозволената брзина на движење

Охрид

На 03.05.2021 година во времето од 10 до 16 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли.

-Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 77 возачи на патнички автомобили кои ја пречекориле дозволената брзина на движење : Охрид 14 ( 06 надвор од населено место и 08 во населено место), Струга-26 (11 надвор и 15 во населено место), Кичево-16 (05 надвор и 11 во  населено место), Дебар-21 (15 надвор и 06 во населено место), соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во Охрид, со специјално возило „пајак“, подигнати се 03 патнички возила поради неправилно паркирање на коловоз.

Please follow and like us:
Tagged