На гробот и оваа година не отидоа, делото на Делчев го пофалија на социјалните мрежи

Македонија

Наместо чествување како што заслужува најголемиот борец за Македонија, премиерот Зоран Заев се потсети на Гоце Делчев само преку Фејсбук статус.

,,Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците.

Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите“, напиша Заев на својата фејсбук-страница.

Претседателот Стево Пендаровски и оваа година не го посети гробот на Гоце Делчев во цркавата Св.Спас. Наместо таму, шефот на државата се сети на македонскиот великан на Твитер каде напиша.

“118 години од смртта на водачот на македонското револуционерно на националноослободително движење”.

Please follow and like us:
Tagged