Николовски и Мерко ќе ја решаваат корупцијата во Струга

Регион

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, разговараа за потребата од спроведување на мерките од Планот за борба против корупција кои се однесуваат на локалната самоуправа.

Се согласивме дека битката со корупцијата мора да ги вклучи сите општествени чинители, а соработката со локалната власт е клучна.
Воведуваме системски промени, за општество со функционални институции и во служба на граѓаните
“, напиша Николовски на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged