Денес се празнува Св. пророк Еремија, ова се обичаите и верувањата

Охрид

Свети пророк Еремија е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус кој е непроменлив празник и секогаш паѓа на 1 мај, односно на 14 мај по стариот календар.

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.

Пoстoи прeданиe дeка самиoт цар Алeксандар Макeдoнски гo пoсeтил грoбoт на прoрoкoт Eрeмија. Пo нарeдба на царoт Алeксандар, тeлoтo на Eрeмија e прeнeсeнo и пoгрeбанo вo Алeксандрија. Eгипќанитe, бeз малку, гo oбoжувалe свети Eрeмија. Затoа гo пoгрeбалe какo крал. Гo смeталe за чудoтвoрeц и пo нeгoвата смрт. Правoт oд нeгoвиoт грoб гo зeмалe какo лeк прoтив гризнувањe oд змија. И дeн-дeнeс христијанитe гo пoвикуваат прoрoкoт Eрeмија вo мoлитвитe прoтив змии.

Овој празник се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи. Иако и на други пролетни празници се изведуваат обичаи за заштита од вакви штетници се чини дека тоа најмногу се прави вечерта спроти Еремиовден.

Меѓу богатите обичаи поврзан со празници од Охрид Е. Спространов забележал и обичаи поврзани со овој ден. „Наспроти тој ден вечерта на стемнување ги падат змиите. На кацја ставаат оган, врз оганот посипуваат ќуќур и одат од дупка на дупка каде што претпоставуваат дека има змии, тропаат со машата врз кацјата, чадат и викаат: Бегај бегај гадуријо ето ти ја Еремија, ќе ти мотат черевата со железно мотојло. Откако ќе начадат добро, кацјата ја оставаат во некој агол да изгасне и рано утрото јаглените ги исфрлаат на буниште“. 

Кузман Шапкарев запишал дека освен споменатиот обичај со маша и кацја, со жар и куќур и споменатата песна за Еремија се берела и вратика и се запотнувала куќата. Шапкарев, исто така, сведочи дека на овој ден во некои места рано наутро излегувале надвор и на некоја зелена трева пиеле пресно млеко.

Во Дебрца црепни секогаш се правеле на Еремија. Ги правеле по две-три жени заедно. Притоа строго се внимавало црепни да не прави трудна жена зашто немало да траат. Од истите причини земјата за црепните не смеело да се носи со ждребна кобила. Ако пак се случело трудна жена да прави црепни првиот пат кога ќе печела леб во новите црепни требало да рече: „Црепните да не ми траат, детето да ми е живо“.

Се верувало дека жените што на Еремија ќе прават црепни таа година не ги касале змиите.

Во песните што се исполнуваат со овие обичаи Еремија е претставен како митски јунак. Тоа пак, од друга страна, значи дека иако во основата на овој празник е споменот на светиот пророк од Стариот завет – Еремија, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното минато на човекот.

Please follow and like us:
Tagged