Речиси 20 илјади дивоградби во охридско чекаат на второ изгласување на законот за легализација

Охрид

На потегот од охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле”, па се до Свети Наум има над 19.000 дивоградби, дел од нив на исклучително атрактивни локации, пренесува ТВ Алфа.

Во листата на дивоградби заклучно со месец март 2019-та се впишани вкупно 19.974 дивоградби за кои се поднесени барања за легализација. Во документот стои за каков вид објект се работи, но најголем број од барања се однесуваат за атрактивни локации на Охридското Езеро, вели Андријана Башоска од граѓанската иницијатива “Глас за спас на Охрид”.

Но, доколку се анализира листата воочливи се барања каде во табелата за постапување со бесправно изградени објекти, нема податоци што конкретно треба да се легализира, графите се празни, додава Башоска.

-Некој се обидува да добие легализација без притоа да наведе каков објект, што конкретно сака да легализира со таа легализација. Целта на ваквите, така да ги наречеме легализатори, е да добијат документ каде што ќе имаат легализација, а потоа кога ќе се донесе ДУП-от на Охрид само да се вметне објектот што тие го посакуваат и сметам дека овој чин е криминален. Бетонски чудовишта не му се потребни на Охрид, тие не само што ја деградираат убавата природа, и целокупниот амбиент, од нив имаат корист само урбаната мафија, рече Башоска.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us:
Tagged