Ученици од ОУ „Христо Узунов“ дружеа со Пушкин преку „Сказна за рибарот и рипката“

Култура

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид се одржи средба со ученци од Основното училиште „Христо Узунов“ со што се одбележаа 182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин.


Елена Обухова од Рускиот конзулат во Охрид ги запозна ученците со творештвото на познатиот руски класичар Пушкин кое е актуелно и денес. Беше прикажан цртаниот филм „Сказна за рибарот и рипката“. Потоа преку креативна работа учениците навлегоа во содржината на книгата која е дел од наставната програма за учениците во трето одделение. Заедно со Обухова и останатите присутни направија цртеж на кој ги залепија и своите желби кои сега чекаат една по една да им се исполнат.

Да потсетиме, НУ Библиотека „Григор Прличев“ овој февруари со изложба на нивни дела ги одбележува родендените на роднокрајните автори: Борис Бојаџиски,Владимир Попоски,Панде Шикаловски- Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged