(ФОТО) Граѓаните со порака: Уставобранителите не се терористи ниту убијци, тие се родољуби!

Македонија

Граѓаните масовно излегоа вечерва да им дадат поддршка на осудените за настаните од „27 април“.

„Бараме правично судење“, „Ние сме гласот на патриотите“ скандираа граѓаните и побараа оставка од Владата.

Од 27-февруари до 27-април 2017-тата година околу 200 илјади учесници во движењето „За заедничка Македонија“ во Републиката и меѓу Македонците во светот протестираа за одбрана на унитарноста и државноста. Против двојазичноста и федерализацијата. За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, беше порачано од протестот пред Собранието за „Правда за уставобранителите – Слобода за Македонија“.

-Неприфатливо е учесниците во движењето За заедничка Македонија да бидат осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста! А велепредавниците на државата и нацијата да бидат власт во Македонија!, беше порачано од протестот во Скопје за правда за уставобранителите.

Патриотите не се терористи ниту убијци, тие се родољуби!

По повод годишнината од настаните во Собранието на Република Македонија на 27-април, 2017 година, Македонците по род и државјанство во светот и татковината се единствени и обединети во организацијата на овој семакедонски народен протест „Правда за уставобранителите – Слобода за Македонија“.

-Ова е борба за правда! Борба за татковината. Ова е борба за победа и слобода за Македонците и за Македонија!, гласаше пораката од протестот.

Во декларацијата што беше прочитана пред присутните, се побара безусловна слобода на осудените за упадот во Собранието.

Учесниците на протестот скандираа „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за уставобранителите“.

Денешниот протест беше поддржан и од опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесува Зоран Заев и владата на СДСМ јас се плашам дека работите ќе се радикализираат уште повеќе, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот на кој се бара правда за уставобранителите.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.

Please follow and like us:
Tagged