НОВ СКАНДАЛ: Семејството на судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ за само 5000 евра купило хотел во Дојран!

Македонија

Нова афера во која се вмешани лица блиски до власта е на повидок. Овој пат, станува збор за судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, чие семејство се тврди дека за само 5.000 евра добило цел хотел, пишува Лидер.

На социјалните мрежи протекоа документи кои сведочат дека близок роднина, односно зет на сестрата на судијата Реџепагиќ, за само 5.000 евра добил на подарок фирма која поседува хотел кој чини милионска сума во Дојран. Името на овој хотел, како што се тврди е „Атлантик“, а како нотар на целиот овој договор се јавува сестрата на судијата Реџепагиќ.

Како што се вели во објавата, овој човек, Исмет Муминовиќ кој е зет за сестра на судијата, изминативе години земал минимална плата, а следствено на тоа се стекнал со ваква фирма, за која како што пишува на социјалните мрежи – поседува голем хотел.

Реакција на овие написи од споменатите инволвирани лица се уште нема, што значи дека се уште останува неоткриено дали сето ова е вистина или не.

Целиот текст прочитајте го на Лидер

Please follow and like us: