ВМРО-ДПМНЕ утре излегува на протест: „Излези за Македонија“

Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за утре најави предупредувачки протест за преговорите со Бугарија. Протестот ќе биде на три раскрсници во Скопје и во десет градови низ земјата.

Мицкоски вели дека јавноста мора да знае за што се преговара и оти двоецот Заев-Бучковски преговараат за идентитетот, нацијата, јазикот и посебноста на македонскиот народ.

Според него, она што Заев го нарекува патоказ, всушност се условите кои Македонија треба да исполни за да ги почне преговорите.

-Ако власта ги прифати условите на бугарската декларација во преговорите со ЕУ тогаш тоа станува европски проблем, а не билатерален. Доколку не се побуниме Заев ќе прифати се, истакна Мицкоски.

Please follow and like us:
Tagged