Утре протест на ВМРО-ДПМНЕ и во Охрид, ќе се блокира кружниот тек кај Охридска банка

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во Скопје и во десет градови низ земјата, меѓу кои и Охрид.

Протестот започнува во 15 часот и ќе трае до 17 часот. Ќе се блокира кружниот тек кај Охридска банка.

“Време е да се обединиме против оваа ненародна власт. Ве повикуваме утре од 15 до 17 часот на протест и блокада кај кружен тек, Охридска банка. Доста e! Излези за Македонија!, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Протестите денеска претходно ги најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека јавноста мора да знае за што се преговара и оти двоецот Заев-Бучковски преговараат за идентитетот, нацијата, јазикот и посебноста на македонскиот народ.

Според него, она што Заев го нарекува патоказ, всушност се условите кои Македонија треба да исполни за да ги почне преговорите.

-Ако власта ги прифати условите на бугарската декларација во преговорите со ЕУ тогаш тоа станува европски проблем, а не билатерален. Доколку не се побуниме Заев ќе прифати се, истакна Мицкоски.

Please follow and like us:
Tagged