Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 21,7, СДСМ со 14,9 проценти

Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги објави резултатите од последната теренска анкета. Анкетата е спроведена на 1013 испитаници и според добиените резултати, најголем дел од граѓаните се изјасниле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води со 21,7 проценти, СДСМ има 14,9, Левица е трета сила со 8,6, ДУИ 8,2, АА 5,6.

65% од испитаните граѓани се изјасниле дека ќе излезат на изборите и ќе го остварат своето право на глас.

Во анкетата е наведено дека 51 процент не се задоволни од работата на Заев, а за граѓаните економијата и финансиите се најголем проблем.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии да се вклучат во опозицискиот блок против власта на СДСМ и ДУИ.

Please follow and like us:
Tagged