Ахмети: Целта ми е Македонија да ја направам како Швајцарија

Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека уште во 2001 година изјавил дека планира Македонија да ја направи како Швајцарија.

-Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, односно 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО. И денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите…, објасни Ахмети.

Please follow and like us:
Tagged