Информациите на ОХРИД 24 официјално потврдени: Објавен оглас за претседател на СДСМ Охрид

Охрид

Пишувањата на ОХРИД 24, дека Лазе Таневски е разрешен од функцијата претседател на ОО СДСМ Охрид, добија и официјална потврда.

На официјалната веб страна на партијата објавен е отворен повик за самокандидирање на Претседатели на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Велес и Охрид.

Иако имаше обид за демант, односно дека Таневски не е разрешен и дека останува да биде претседател на ОО СДСМ Охрид до октомври, сепак реалност кажува нешто друго.

Таневски функцијата претседател на општинската организација ја извршуваше повеќе од три години, а кој ќе го наследи останува да видиме. Според нашите информации во игра се неколку кандидати.

Please follow and like us:
Tagged