(ФОТО) Охриѓани излегоа на протест: Заев и Бучковски да кажат што е договорено со Бугарија

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест на три локации во Скопје и во 10 градови низ земјава, меѓи кои и Охрид. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од се и беше побарано Заев и Бучковски да кажат што испреговарале со Бугарија.

Пратеникот Кирил Пецаков побара документот треба да биде доставен до јавноста и да се види што е она што тие го преговарале.

– Од високи дипломатски извори во Брисел како и официјална Софија дознаваме дека она што е декларација изгласана во бугарскиот парламент и беше преговарачка рамка во билатералните преговори помеѓу Македонија и Бугарија, од денешен аспект сите оние проблеми што самиот тој документ ги носи тука станува збор за засебноста на македонскиот јазик, култура, традиција, обичаи, антифашистичката борба и сите останати проблеми кои таа декларација ги имаше од билатерален проблем стануваат проблем помеѓу Македонија и ЕУ, односно го проблематизираат патот од Македонија кон ЕУ, изјави Пецаков.

Според него во целата работа има два битни аспекти, а тоа е уништувањето на Македонскиот народ, нација и јазик, а вториот е проблематичниот пат кон ЕУ.

– Сето ова Зоран Заев го најави на интервјуто на бугарски медиум каде ги отвори темите и разговараше како ист народ, ист јазик, разговараше дека во Македонија немало фашистички окупатор туку имало администратори. Сето ова кога ќе го споиме со ова четиригодишно владеење на СДСМ во Македонија и буквално проблематични и уништувачки договори со скоро сите соседи можеме да заклучиме дека на ова катастрофално владеење треба да му дојде крај, а за таа работа треба поддршка од буквално сите политички партии и леви и десни, од сите кои се во парламентот и вон парламентот. Да застаниме на ова зло и да го спречиме уништувањето на македонскиот народ, нација, култура и јазик“, нагласи Пецаков.

Протестите продолжуваат и наредните денови.

Please follow and like us:
Tagged