ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Дали Георгиески како што ја однесе оградата во Белград, ќе ги врати златните маски од Требеништа и охридските длаборези

Охрид

Градоначалникот Георгиески на својата турнеја во Белград ја предаде историски вредната ограда од вилата „Билјана“, во време кога Охрид и граѓаните тонат во сериозни проблеми, а недостасува и вниманието за нашето културно богатство, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид во денешното соопштение.

– Што добија Охрид и Македонија за возврат од тоа што Георгиески зад флоскулата на пријателство ја однесе оградата? Дали Георгиески знае дека пријателството е двостран однос и дали во знак на пријателството од Белград ќе се врати со златните маски од Требеништа како и со охридските длаборези што ги красат тамошните институции и музеи, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Тие, како што наведуваат во соопштението, за ваквиот чин ќе бараат одговори и ќе се обратат до Управата за заштита на културното и историско наследство, Министерството за култура, и МНР, со единствена цел, изнесувањето на културни артефакти од Македонија да не биде само самоволен чин на еден градоначалник, туку осмислена државна политика од која заслужена корист ќе има и Охрид и Македонија.

Please follow and like us:
Tagged