При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 15/16.07.2021 година, полициските службеници затекнале и санкционирале 5 возачи на моторни возила кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03) и 26 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-05, Струга-12, Кичево-07, Дебар-02), соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
– Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и смалување на можностите за сообраќајни незгоди, истакна Димоски.
Please follow and like us: