Пензионерите реагираат: Со зголемувањето на пензиите за 120 денари, не може ни чоколада да им купиме на внуците

Македонија

Срамното зголемување на пензиите за 1,2%, односно за 120 денари за време на падемија е омаловажување за сите нас, реагира првиот човек на Здружението на пензионери Драги Аргировски.

-Со тие пари не можеме ни чоколада да им купиме на внуците, а камо ли да останат за лекови, вели Аргировски за Алфа и додава дека трошоците за живот се зголемени за над 30%, а не 1%.

-Во услови кога се поскапува, потребно е линеарно зголемување од најмалку 1.000 денари, а не вакво замајување на пензионерите. Треба да се води сметка, пензиите да се во сразмер со минималната плата, односно со просечната плата, објаснува Аргировски.


Извор: Алфа

Please follow and like us:
Tagged