Здравствен дом Охрид со објаснување за денешните гужви на вакциналниот пункт во модуларната болница

Охрид

Денеска започна вакцинација во модуларната болница во Охрид. На првиот ден сликата беше хаос и нервозни граѓани, поради долгото чекање за вакцинација. Прашавме во Здравствен дом Охрид која е причината за долгото чекање, а оттаму ни одговорија:

“Чекањето настана од причини што голем дел од лицата кои беа закажани за ревакцинација во саботата на 17.07.2021 година од вакциналниот пункт Билјанини извори беа преупатени за ревакцинација за денеска, исто така граѓаните кои имаат термини за ревакцинација во текот на денешниот ден без разлика во кој период од денот беа дојдени да прима вакцина од раните утрински часови, а голем беше и интересот за примање на прва доза на вакцина и како што веќе е информирана јавноста истото се врши без закажување. Од овие причини имаше застој, меѓутоа истото е регулирано и се одвива во добар ред”.

Please follow and like us:
Tagged