Охриѓанец ја демолирал наплатната куќарка за паркинг на градскиот плоштад

Охрид

На  20.07.2021 година околу 19 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(47) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Тој, го наруши јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со кршење на наплатната куќарка и инвентарот, истакна Димоски.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged