Георгиески ветуваше слободни плажи, но нема плажа на која не се дивее, а најавените инспекции ги нема никаде

Охрид

“Општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг”, вака говореше градоначалникот Константин Георгиески пред околу два месеци и најавуваше редовен инспекциски надзор на плажите.

Но, сликата на теренот е поинаква. Нема плажа на која не се дивее, наплаќаат паркинг секаде по 100 денари и секаде има лежалки и тезги, со еден збор владее хаос, а инспекциите ги нема никаде.

Се поставува прашањето што се промени во овие два месеци, дали Георгиески застана само затоа што се влегува во предизборен период и политички пазарења?

Please follow and like us:
Tagged