Коњаноска: Одлуката за долгорочно задолжување на општина Охрид не нуди гаранција дека ќе се одблокира сметката на општината

Охрид

Советниците од владејачкото мнозинство во Советот на општина Охрид ја изгласаа одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид.

Против беа советниците од опозицијата. Според координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска, има два моменти кои што се многу спорни да се донесе ваква одлука токму сега и во формата која што е предложена.

-Првиот момент е дека ние располагаме со финансиски показатели коишто ги користела и физибилити студијата, коишто претставуваат еден пресек од 31.3.2021 година и изнесуваат 295 милиони и нешто денари, нешто врз база на што е проектирано и задолжувањето коешто треба да следи после евентуалното носење на ваква одлука. Од друга страна добивме информација од градоначалникот, којашто ја споделил со учениците на јавната расправа, дека долгот во дадениот момент не изнесува толку, туку 470 милиони денари. Значи имаме една значителна разлика и имаме еден голем прашалник, дали задолжувањето со предложениот износ ќе гарантира одблокирање на сметката. Во предложената одлука практично никаде немаме гаранција, не е ни спомнато дека ќе обезбеди сигурност ваквиот долг, рече Коњаноска.

Please follow and like us:
Tagged