ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Неспособноста на Георгиески и задолжувањето ќе ги плаќаат охриѓани, следува казна!

Охрид

Најнеспособниот Градоначалник на Охрид крајно лицемерно сака да стекне слава на грбот на охриѓани.

Селективниот Георгиески нѐ раздолжи за 5 милиони евра, а нѐ задолжи за 8 милиони евра.

Со новото задолжување кое ќе го платат граѓани од својот џеб, Георгиески ќе враќа долг направен од времето на владеење на неговата политичка партија.

Да работиш недомаќински, па потоа да се фалиш со ново задолжување е крајно бесрамно.

Арогантниот Георгиески наместо одблокирање на сметката ги зголеми расходите на нови партиски вработувања, нарачување лични анкети, невладини организации и за цел мандат нема ниту една капитална инвестиција.

Безобразно е Георгиески да коментира за опозицијата кога не може да сфати дека Општина не се раздолжува со ново задолжување. Георгиески кога ќе го разбере тоа може да коментира за односот на опозицијата.

Мислењето и визијата за развојот на Охрид никогаш не биле јака страна на СДСМ, туку само разградувањето и сѐ на штета на охриѓани.

За брзо доаѓаат и политичката и кривичната одговорност на Георгиески.

Охрид се сака со видливи дела, а не со празни дела само на хартија!

Со почит,                  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Please follow and like us:
Tagged