Во црквата Св. Троица во Охрид вечерва ќе се одржи бдение во чест на Св. Емилијан Доростолски

Охрид

Во црквата Св.Троица во Охрид вечерва од 22:00 часот ќе се одржи бдение во чест на Св. Емилијан Доростолски каде ќе биде донесена и чудотворната икона на Богородица Сецарица од 1806 година.

“Возљубени во Христа воскреснатиот, на ова наше заедничарење во љубовта, која безмерно ни се дава и благодатта која ни доаѓа, преку кивотот со моштите на светиите, во знак на бескрајна љубов, на ова бдение ќе биде донесена чудотворната икона на Богородица Сецарица од 1806 година на која ќе се прочита акатист на повечерието од бдението” велат од храмот СВ.Троица и додаваат дека иконата ќе биде изложена во Храмот само за бдението.

Please follow and like us:
Tagged