„Ги мрзело да ги тргнат ќерамидите“: Гледајте во Охрид како се асфалтира пред избори

Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на „Фејсбук“ се пофали дека заврши асфалтирањето на три краци од улицата „Питу Гули“, со што, како што вели, се подобрени условите за жителите од овој дел на градот.

Но, на охриѓани не им промакна квалитетот со кој овој „голем зафат“ е направен. Па, така, на самите фотографии објавени од Георгиески, може да се види дека улицата е асфалтирана без да се отстранат наредените ќерамиди потпрени на една од куќите.

Please follow and like us:
Tagged