Познат идентитетот на жртвата во сообраќајката на патот Охрид – Струга, кај Оровничка плажа

Охрид

На 12.08.2021 во 18.45 часот кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебрца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged