Безживотно тело извадено од Охридското Eзеро во близина на пристаниште

Охрид

Безживотно тело е извадено утрово од водите на Охридското Езеро.

Телото го забележале случајни минувачи кои го пријавиле настанот во полиција.

Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, во близина на старото пристаниште, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, и додава дека не се констатирани траги на насилство врз давеникот.

Извршен е увид од страна на СВР Охрид и јавен обвинител за утврдување на причините за несреќата.

Please follow and like us:
Tagged