Познат идентитетот на давеникот во Охридското Езеро

Охрид

На 28.08.2021 во 07,30 часот во СВР Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското Езеро на ул. „Кеј Македонија“ кај малото пристаниште забележал тело.

Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција, соопштија од МВР.

Please follow and like us:
Tagged