Охриѓанка тешко повредена во сообраќајка на „Туристичка“

Охрид

На 08.09.2021 година во 20.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(59) од Охрид, удрило во пешакот В.К.(65) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged