Филипче: Ќе почекам да заврши истрагата, па потоа ќе одлучам дали ќе поднесам оставка

Македонија

Венко Филипче, министерот за здравство, на денешната прес-конференција изјави дека ќе почека да заврши истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка на функцијата.

– Имаше повици за моја оставка. Дозволете да кажеме дека од одговорност не бегам ниту ќе бегам. Но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на кризата околу кризата во Тетово, сето тоа што значи процес на завршување на обдукционите наоди. По завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина се сочувствувам со сите членови на семејствата на загинатите, но ќе чекам да заврши истрагата, рече Филипче.

Please follow and like us:
Tagged