93-годишна жена тешко повредена, откако со возилото излетала од патот Охрид – Ресен

Охрид

На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот.

Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged