Младиот и надежен охридски атлетичар Петар Симоноски со одличен резултат на полумаратонската трка на “Трчај Бе”

Охрид

Вчера во Битола се одржа најголемиот атлетски настан “Трчај Бе”, со околу 1.000 учесници од 11 земји во три атлетски дисциплини: 5км, 10км и 21км.

На полумаратонот (21км) свој солиден настап имаше и младиот и надежен охридски атлетичар Петар Симоноски кој постигна одличен резултат на полумаратонската трка со време од 01:27:24, што преставува нов личен резултат за него во оваа тешка атлетска дисциплина и го освои 18-тото место во силната конкуренција.

Трката на 21км беше и Балканско Првенство во Полумаратон со учество од неколку земји.

Please follow and like us: