Втор уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид

Охрид

Во Понеделник и Вторник, 20 и 21 септември на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид ќе се врши прием на студенти во вториот уписен рок за новата академска 2021/2022 година.

На Универзитетот преостануваат слободни места за упис на следните факултети односно студиските програми: за компјутерски науки и инженерство – 55 места; комуникациски мрежи и безбедност – 79 места; применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика – 116 места; информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника – 73 места; како и на информатички и комуникациски науки – 77 места.

Повеќе информации за уписите може да се најдат на веб страната на Универзитетот www.uist.edu.mk и на телефон 046 511 000.

Please follow and like us:
Tagged