(ФОТО) Се преврте автомобил во центарот на Охрид

Охрид

Вечерва нешто пред 20 часот, на улицата “Димитар Влахов”, во центарот на Охрид се случи сообраќајна незгода, во која од засега непознати причини се превртел џип марка “Мерцедес”.

Во моментов екипи на СВР Охрид вршат увид на местото на настанот, по што треба да бидат познати причините како настанала незгодата.

Оттаму повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден.

Please follow and like us:
Tagged