Заев: Ќе се брише зборот бугарски пред фашистички окупатор од учебниците и спомениците

Македонија

Нема да се менуваат учебниците по историја, но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со договорот со Бугарија каде треба да има промени во учебниците.

Тоа се термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спремни се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, рече Заев.

Исто така, како што посочи премиерот, и од спомениците ќе се тргне зборот бугарски и ќе стои само фашистички окупатор.

Голем дел од спомениците, коишто ги има и во Бугарија и во Република Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што не смее фашизмот да има етничка димензија. Во голем дел од спомениците кај нас тоа е направено, каде што има бугарски фашистички окупатор тоа е избришано, стои само фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа, истакна Заев.

Please follow and like us:
Tagged