Викендов на Охридското Езеро ќе се одржи регата од меѓународен карактер

Охрид

Овој викенд 25 – 26 септември, на Охридското Езеро ќе се организира регата од меѓународен карактер.

Свеченото отворање на регатата е во сабота на 25-ти септември 2021 година во 10:00 часот, на плажата „Горица 1“ (К’ј Дивоно).

Регатното поле е во Охридскиот залив, а натпреварувачите ќе настапат во класите Optimist, Laser 4.7, 470.

Учество ќе земат натпреварувачи од J.K. „Палич“ од Палич, Србија, J.K. „Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, Ц.С.Ј.Ц – Централ Софија Јахт Клуб од Софија, Бугарија, како и Е.К. „Снегар“ од Струга и Акватика Јахтинг од Охрид.

Организатор на регатат е Акватика Јахтинг, а под покровителство на Едриличарска Федерација на Република Македонија и Општина Охрид.

Свеченото затворање на регатата и прогласување на победниците е во недела, на 26-ти септември 2021 година во 17:00 часот, на истата локација.

Please follow and like us:
Tagged