АНКЕТА: Пецаков со убедливо водство во Охрид пред Георгиески на престојните локални избори

Охрид

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Охрид, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 27.5% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски за кој довербата ја дале 23,3% од граѓаните, и кандидатот на ТМОРО, Гоце Цветковски за кого 2,1% од испитаниците се изјасниле дека ќе го гласаат.

Please follow and like us:
Tagged